Кошничка

Вашата кошничка е празна

Body & Beyond

BODY & BEYOND е првото STOTT PILATES® Reformer студио во Скопје и Северна Македонија, место каде што секое тело е видено, слушнато и водено со внимание.

1 / 2

Работиме со професионална опрема (Reformer, Cadillac, Stability Chair, Ladder Barrel) и внимателно одбрани реквизити со кои вежбите се модифицираат и усложнуваат, а тренингот станува поинтересен и поефикасен.

Нудиме тренинзи на реформер за различни нивоа, ресторативен пилатес, јога на реформер и јога во традиционална форма.

Секој час се одвива под водство на STOTT PILATES®️ инструктор, со фокус на безбедноста, правилната техника и поддршка во процесот.

2 / 2

Пред да започнеме, се запознаваме со вашето тело, здравствена состојба и целите што ги имате.

Програмата ја креираме индивидуално, без разлика дали сакате да ја подобрите постурата, да се ослободите од болка или едноставно да се чувствувате посилно и подобро во своето тело.

Наш приоритет е свесно, безбедно и квалитетно движење.

Доверете ни го вашето тело и направете сигурен чекор кон подобра форма, баланс и здравје.

Видеото ќе се вчита кога ќе биде видливо

Пакети и членство

Изберете го планот што одговара на вашиот животен стил

Запознајте ги вашите инструктори

Светски сертифицирани професионалци посветени на вашето здравје и благосостојба

Woman doing pilates reformer stretch

Прецизност, сила, елеганција

овие три столба дефинираат нов стандард на благосостојба